Радио Милева Среќна 60 -ка ! 

„Почеток на последната, трета третина“: Игор Џамбазов си посака среќен јубилеј – „На здравје нека ми е!“ (видео)

„Почеток на последната, трета третина“:  Игор Џамбазов си посака среќен јубилеј – „На здравје нека ми е!“ (видео)

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов викендов наполни 60 години.

Игор пред своите следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“, во негов стил си го честиташе роденденот па, напиша:

„Да беше животов хокеј, овој ден ќе беше почеток на последната, трета третина.
Ако на крајот биде нерешено, ќе има и продолжетоци… Јадев 60-ка со кромид, среќен ми роденден и на здравје нека ми е!“ – стоеше во објавата.

По тој повод од многубројните фанови, колеги и пријатели  Џамбазов доби честитки, а доста од македонските познати личности споделија фотографии и му го честитаа роденденот на Игор.

Една од нив беше неговата колешка и пријателка Весна Петрушевска која остави емотивен коментaр под објавата каде напиша:

„Среќен роденден љубов моја“ –  но, на нејзиниот профил му остави и видео порака со која го предупреди да внимава што прави, а во описот стоеше

„Среќен 60ти роденден братче. Лав ју“ – посакувајќи му оваа година да му биде старосватица или кума.

Игор оваа година со алпинистката Илина Арсова  ставија крај на љубовна приказна, а во една прилика откри дека далечината ја победила љубовта.

Игор Џамбазов, познат и како миленик на сите генерации е роден  на 15 јули 1963 година, а во јавноста е уште од неговото рано детство запловувајќи во актерските води, а потоа и како музичар, писател и шоумен.

Среќна 60 -ка !

Фото: Принтскрин/Инстаграм/ИгорЏамбазов/Весна Петрушевска

To top