Поминаа седум години откако Марија Сердар победи на музичкиот натпревар за најмлади „Пинк ѕвездички“. Тогаш, 13-годишната Марија вети дека ќе направи се’ за нејзината фигура да биде репрезентативна како гласот и дека ќе ослабе пред се’ поради своето здравје, но и од почит кон публиката.
Во пресрет на новата сезона на популарното натпреварување, сите побрзаа да проверат дали Марија го исполнила ветувањето, а заклучокот е дека направила повеќе од очекуваното и целосно се трансформирала. Нема кој не беше пријатно изненаден од промената на Марија Сердар.
Повеќе за талентираната млада пејачка можете да дознаете преку „Инстаграм“ каде е многу активна. Благодарение на упорноста и ригорозната исхрана, Сердар ослабела.
View this post on Instagram
Нејзиното лице е многу променето, па нејзината убавина дојде до израз. Ѕвездата ослабе дваесет и пет килограми и нема намера да застане тука. Нејзиниот сон е да биде многу витка, како манекенка и е на добар пат да го постигне тоа, планира да работи и на образование пред да се посвети на музиката.
View this post on Instagram
– Планирам да завршам средно училиште, а подоцна би сакала да завршам факултет во странство – изјави тогаш Марија.
Промената на физичкиот изглед на Марија Сердар, според мислењето на многумина, е доказ дека небото е граница за младата пејачка, и дека лесно ќе стигне до остварување на другите нејзини соништа.
фото:Инстаграм принтскрин/ТВ Пинк