Сигурно знаете какво е чувството кога премногу ви се јаде нешто благо и имате чувство дека шеќерот едноставно ви е потребен. Пред да го разберете тоа, веќе сте изеле неколку колачи … Се случува.
Но, постои трик како да ги победите тие моменти на слабост, односно да не дојде до нив воопшто.
Нутриционистот Вил Кол објаснува дека изненадната желба за благо ја предизвикува храната, која не не одржува сити доволно долго.
“Шеќерот брзо ни дава енергија, но таа енергија брзо исчезнува.” Здравите масти, од друга страна, поспоро се разложуваат и поради тоа подолго не одржуваат сити. ”
Кога ќе погледнете од биолошка гледна точка, најодржливиот избор на енергија за телото се здравите масти, “вели Кол.
Со други зборови, ако за појадок јадете тост од житарици и салата, што е здраво, многу брзо ќе огладните повторно, освен ако не додадете малку здрави масти. Со додавање на здрави масти на јадењето ќе ја избегнете зголемената желба за благо.
Покрај тоа што внесувањето на шеќер има краткорочни негативни последици, во смисла дека таа енергија повторно ќе се потроши, премногу шеќер води до дебелеење, дијабетес, срцеви болести, канцер …
Во секој случај, за да го спречите овој круг, овие 7 намирници ќе ве спречат да добиете “напади” на желба за благо.
- Половина авокадо
Спречете ја потенцијалната желба за благо, така што малку по ручекот ќе изедете половина авокадо, богато со здрави масти. Може да го збогатите вкусот на овој плод со тоа што ќе посолите малку сол одозгора и ќе исцедите малку лимон.
- Ферментирани производи
Може да ви звучи чудно, но ферментираната храна, како кефир или комбуха, се одличен начин да се спречи желбата за благо. Вкусот на овие напивки на сетилото за вкус делува слично како и шеќерот, а пробиотиците и пребиотиците што ги содржат ќе ја спречатжелбата за благо, покажа истражувањето.
- Путер од бадеми
Ако сакате малку сладок вкус, на парче тост (гледајте да биде од житарици, без шеќер),намачкајте малку путер од бадеми и изедете го по ручекот. Содржи здрави масти и протеини, па ќе се чувствувате сити.
- Неколку коцки црно чоколадо
Да ги задоволите своите желби за благо, а да не внесете премногу шеќер, изедете неколку коцки темно чоколадо. Најдобро е да барате чоколада која содржи 70 или повеќе проценти какао.
- Цимет
Станува збор за зачинот кој има сладок вкус, така што ќе можете да внесете нешто благо, а вашиот шеќер во крвта нема да скокне брзо. Додадете малку цимета во овесната каша или посипете го врз путерот од бадеми, а можете да додадете и во утринското кафе.
- Овошен чај
Верувале или не, но може да се случи понекогаш, кога ќе ви се јаде нешто благо, навистина да сте само жедни. Често ја мешате жедта со чувството на глад, па ако баш ви се јаде нешто благо, сипете си чаша овошен чај. Овие чаеви се природно благи, ќе ве хидрираат и ќе спречат да добиете “напад” на желбата за благо.
извор:попара.мк