Радио Милева

По жестоките кавги и навреди, Аца Лукас откри: „Се смирив со Јелена Карлеуша и Цеца“

По жестоките кавги и навреди, Аца Лукас откри: „Се смирив со Јелена Карлеуша и Цеца“

Аца Лукас откри за српските медиуми дека се смирил со колешките Јелена Карлеуша и Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Имено, тој претходната година се скара со Јелена бидејќи тој ја навреди нејзината мајка, а со Цеца престана да зборува поради неговата бивша сопруга.

Аца сега вели дека е нормално да се скараш со пријателите, но дека секогаш се тука едни за други.

 

View this post on Instagram

 

Are you ready PORT? ??? 5. JUN @port_by_community

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

„Нормално е да се скараш со пријателите и да ви се заладат односите. Па, се карате и најблиските во семејството. Цеца е моја сестра, секогаш беше и ќе биде, а Јелена ми е вистински пријател. За нив сум секогаш тука и во добро и во лошо. Со Јелена се слушам, се допишувам, ја прашувам како е…Што и да треба ќе бидам тука“ вели Лукас.

За потсетување, во една прилика Аца истакна дека подобро би било да не е дел од естрадата.

To top