Тијана Дапчевиќ на својот Инстаграм порстави ретро фотографија како потсетување од времето од кое веројатно ја навјасаа спомени, па реши да најде и покаже една таква.
Во прилог како за старт немаше што да додаде освен симбол од едно балонче како знак за она што одлетало, поминало.
И кога меѓу очекуваните ласкави коментари со комплименти се појави еден сосема спротивен и неочекуван во форма на комплимет,но и остра критика на која Тијана не остана рамнодушна да не врати.
Имено, на еден повозрасен господин му засметаа тетоважите на Тијана кои беа во фокусот од фотографијата на нејзината лева рака, па и порача:
„Тијана тетоважата не оди со твојот силен интелект. Во се’ си за младите, со респект, освен..“ – гласеше коментарот.
Тијана беше со брза реакција, веднаш и сега, поради како што вели јасниот видик дека по цели 30 години и се „отвориле очите“ за самата себе.
-Почитуван господине, зарем Вие тврдите дека само неинтелигентните луѓе се тетовираат?!… Па јас тогаш сум глупа веќе 30 години(тогаш ја направив првата тетоважа) добро ми ги отворивте очите, возврати таа.
До доза на иронија, но вртејќи ја на сопствена сметка,и со сосема разбирлива порака до господинот кој не сака тетоважи и за него се лош пример за интелектот.
Тијана како и што наведе е вљубеник во тетоважите, па оттука не можеше да остане имуна без да врати на ваквата реакција.
Бунтовна, духовита и дама со став која не го трпи она што „не држи вода“, барем за неа.
фото:Инстаграм принтскрин/Тијана Дапчевиќ