Се уште законскиот сопруг на Наташа Беквалац, Лука Лазукиќ вчера ја видел неговата ќерка Катја.
Во текот на вчераншиот ден Лука поминал половина час со својата ќерка. Ната пристигнала со Катја во Социјалниот дом, па Лука во посебна просторија под надзор на социјален работник ја видел ќерката.
Наташа и Лука не се сретнале, а пејачката го испочитувала договорот и не се противела нејзината ќерка да помине време со нејзиниот татко.
За потсетување, во април Лука Лазукиќ физички ја нападна својата сопруга, а отогаш тој ја нема видено Катја.