Македонската пејачка и учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска претходната година не успеа да стигне до финалето на музичкто шоу, но успеа да стигне до срцето на нејзиниот сакан Александар Гуте Маринковиќ.
Токму ова шоу ги зближи Елена и Гуте, а нивната дружба помина во љубовна врска која на почетокот на оваа година ја крунисаа со граѓански брак.
Имено, на почетокот на јануари Елена и Гуте ставија потпис во матично и во Србија направија скромна прослава за најблиските. Но, ќе има свадба и во Македонија која ќе се случи на 22.02. 2020 година.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/elena-milenkovska-bremena-kje-bide-nevesta-pejachkata-i-pejachot-se-venchaa-vo-srbija-ama-grand-svadbata-doprva-kje-bide-vo-skopje-foto/
Она што посебно ги радува Гуте и Елена e што за некој месец ќе станат родители на нивното прво дете.
Елена поради својата бременост одлучи и оваа година да ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ и да ужива во еден од најубавите периоди на животот.
Пејачката често е активна на социјалните мрежи каде објавува фотографија од себе и својот сакан, па не се штеди на фановите да им покаже како се релаксира и како ги поминува деновите.
Таа деновиве позираше со голо трудничко стомаче за бренд за перници за трудници.
Опуштена и удобно легната на перницата за трудници, македонската пејачка и српската снаа го покажа нараснатото голо трудничко стомаче.
Под објавата веднаш се нижеа коментари, а првиот беше токму од нејзиниот сакан. Инаку, Елена и Гуте се уште не го открија полот на бебето.