Деновиве главна тема во медиумите беше естрадната војна меѓу Аца Лукас и Јелена Карлеуша кои преку социјалните мрежи си кажаа тешки зборови и го прекинаа пријателството.
Меѓутоа, пејачот удри и по пејачката Лепа Брена истакнувајќи дека нејзиниот настан на Ушче наликува на циркус.
Тој исто така истакна дека на Брена не е лут бидејќи таа наводно криела дека неговата поранешна сопруга го изневерува туку бидејќи наводно Брена го канела на прослави и забави, а зад грб наводно му зборувала дека тој е коцкар и го*но.
„Пред да се скарам со Брена, таа се појавуваше на секое снимање на Гранд. Откако настана конфликтот, таа почна да не се појавува. Можеби имала грип кој се вика „Аца Лукас“.Можеби не сум јас причината, но не можам повеќе да чекам да се сретнеме. Луѓето ме прашуваат дали сум лут на неа што ги запозна Марко и Соња. Не е тоа причина, бидејќи Соња и Марко не се запознаа кај Брена. Се запознаа во Белград, а се гледаа во Мајами. Брена го знаеше тоа, но несум лут на неа поради тоа. Потоа, како пријател и се јавив да ја прашам дали еден ден во Мајами трае 48часа? Не се лутев, само сакав да се пошегувам. Не ја обвинувам Брена за мојот развод, но важно е тоа што таа седеше со мене во куќата, а потоа сешто зборуваше за мене. Не мораше тоа да го каже на мојата поранешна сопруга, туку на некоја сосетка. Што ме поканува на слава ако сум клошар, коцкар, го*но и слично.Имам докази дека го кажа се тоа. Гледајте ја очи кога ќе ја прашате за тоа“ вели Лукас.
Лепа Брена не се огласи по овие прозивки. Меѓутоа, во исповед на најновиот број на српски Стори, Брена вели: „Најдобро учам од непријателите“ вели Брена.
Што токму кажала Брена може да прочитате во најновиот број на Стори.