Радио Милева не е пристрасен

По се што му се случува во„Задруга 6“, се огласи Ибро Лабунски, таткото на Адам: „Би сакал да успее иако е малку досаден, се експонира и кога треба и не треба и е напорен со тоа свое секојдневно пеење“ (ФОТО)

По се што му се случува во„Задруга 6“, се огласи Ибро Лабунски, таткото на Адам:  „Би сакал да успее иако е малку досаден, се експонира и кога треба и не треба и е напорен со тоа свое секојдневно пеење“ (ФОТО)

Адам Лабунски  е еден од учесниците во реалното шоу „Задруга 6“ кои први наидоа на проблеми со цимерите, но и кавги кои беа на работ на инцидент. Со денови се раскажува неговиот судир со Урош Ќертиќ, како и неговото, како што велат задругарите, „претерано пеење“, што доведе до многу конфликти.

Своето мислење за учеството на неговиот син во оваа прилика го соопшти и Ибро Лабунски, познатиот македонски фолк пејач и таткото на Адам.

„На самиот почеток не бев за тој да влезе во реалното шоу бидејќи се грижев како ќе се снајде. И самиот сум музичар, знам како оди кога ќе почнеш од нула. Во Македонија сум познат, а во Србија – не. Кога го повикаа, бев против, бидејќи мислев дека нема да се снајде со „белградските волци“. Адам на самиот старт беше и за и против, но сепак се проби и влезе во величествениот имот.

Тука живееме веќе 4 месеци за да го поддржиме и да му помогнеме да ја освои Србија. Мислев дека Задруга ќе му помогне и ќе го популаризира, а знаеме колку значи само да се појавиш на ТВ Пинк, а неговиот почеток беше на ѕвездите на Пинк“ – изјави Ибро и додаде:

„Иако сум му татко и ментор, бидејќи го научив се’ што знае за музиката, не сум пристрасен. Можеби не е најдобар пејач, но како пакет е квалитетен. За време на натпреварот „Пинкови ѕвездички“ за тоа проговори и самата Цеца која го пофали како комплетен изведувач. Би сакал да не е ‘анонимен’. Јас сум познат во Македонија, но не и во Србија, што не би сакал да биде случај со него. Навистина би сакал да успее во регионот.

Го советував да не се жали, да пее кога ќе го прашаат… Малку е досаден во таа смисла, се експонира и кога треба и кога не треба. Можеби Урош беше малку во право, бидејќи е малку напорен од тоа секојдневно пеење. Навистина, иако сум му татко, сакам да бидам што е можно пореален кога е моето дете во прашање. Гледаме и следиме се што прави секој ден…“ – истакнува Ибро Лабунски.

Фото: Инстаграм принтскрин/adamlabunski/ibrolabunski

To top