Огњен Амиџиќ повторно е заљубен! Девет месеци откако се разведе од втората сопруга, поранешната манекенка Данијела Димитровска, српските портали пишуваат дека срцето на популарниот водител е веќе окупирано.
Како што дознава Република.рс, новата девојка на Огњен Амиџиќ е неговата колешка Мина Наумовиќ, која ја гледаме во сегментот „AmiG Show“ секој вторник во „Внимавај Мина“.
– Да, тоа е точно. Во врска сме, но нашиот договор е да си ја чуваме приватноста и да не зборуваме за тоа – потврдил Амиџиќ за споменатиот портал.
За Мина не се знае многу. На Инстаграм атрактивната бринета, каде ја следат близу 29.000 луѓе, можете да прочитате:
„Родена сум среќна. И ќе умрам среќна. Среќна сум и сега“.
Инаку, познавачите на новата врска велат дека таа започнала уште додека Амиџиќ бил во брак.
Да потсетиме, минатото лето Огњен Амиџиќ и Данијела Димитровска решија да стават точка на десетгодишниот брак, кога со заедничка изјава се обратија до медиумите.
„Сакаме да ве информираме дека решивме да се разделиме, а одлуката за развод ја донесовме заедно. Ќе останеме во пријателски односи заради интересите на нашиот син и во оваа прилика повеќе нема да се рекламираме и да даваме изјави. Нашиот развод не е по вина на трето лице, па нема простор за дополнителни шпекулации. Им благодариме на сите медиуми за досегашната соработка и бараме да ја почитувате одлуката да не се зборува на оваа тема“, напишаа тогаш.
фото:ATA Images/Stori.rs/Instagram printskrin