Радио Милева
среќен роденден

По раѓањето на синчето Гаврил, Димитар Андоновски повторно имаше повод за славење: Голема радост во домот на македонскиот пејач (фото)

По раѓањето на синчето Гаврил, Димитар Андоновски повторно имаше повод за славење: Голема радост во домот на македонскиот пејач (фото)

Димитар Андоновски пред повеќе од еден месец по вторпат се реализираше во улогата на татко.

Имено, Димитар и неговата сопруга Христина повторно станаа родители и добија син за кој го одбраа името Гаврил.

Синчето неодамна наполни 40 дена, а гордиот татко позираше заедно со семејството односно сопругата и двете синчиња.

Деновиве, Димитар повторно имаше повод за честење и радување. Имено, неговиот поголем син, Михаил славеше роденден.

По тој повод, сопругата на пејачот во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографии од славеникот кој позира покрај роденденска торта во форма на коцка и украсена со роденденски украси од играта „Супер Марио“.

Инаку, Михаил наполни пет години, па малиот позираше со балон во форма на бројот 5.

Популарната двојка ужива во семејната хармонија со Гаврил и Михаил, а секој момент им е исполнет со љубов и убави моменти.

Среќен роденден!

фото: принтскрин/инстаграм/dimitarandon

 

 

Останати вести од Радио Милева