Пред неколку дена заврши регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Вкупно 16 кандидати се бореа за првото место, а победникот доби автомобил, снимање на песна, видео запис и гостувања на Гранд телевизија.
Оваа година во финалето се гласаше како на „Евровизија“ , а првото место го однесе Џејла Рамовиќ.
Иако во медиумите имаше гласини дека наводно гласањето е наместено и дека се лобирало за Џејла чиј ментор е Марија Шерифовиќ, пејачката одлучи да се огласи и да стави крај на шпекулациите.
Имено, на Ширфовиќ не и допаднаа приказните дека се лобирало за нејзината кандидатка, па во свој стил даде брутален одговор.
„Им се јавував на сите 33 членови од жирито и им се заканував. Дваесет и еден/два се уплашија за сопствените животи и гласаа за Џејла, додека останатите останаа глуви на моето предупредување“ изјави Марија.
За потсетување, во финалето имаше и четири македонски наптреварувачи и тоа Огнен Здравкоски, Мартинијан Кириловски, Филип Пецовски и Дарко Даринос.
Неодамна, завршија и аудициите за следната сезона која ќе започне во септември, а Саша Поповиќ истакна дека ќе има околу 50 нови македонски кандидати.