Радио Милева
фати темпо

По породилниот тежински шок, македонската пејачка со уште само пет килoграми вишок: Антониа Гиговска е „жешка мамасита“ (ФОТО)

По породилниот тежински шок, македонската пејачка со уште само пет килoграми вишок: Антониа Гиговска е „жешка мамасита“ (ФОТО)

Македонскат пејачка Антониа Гиговска која пред месец дена стана мајка покажа дека изгледа одлично и дека брзо се враќа во форма по породувањето.

Таа викендов ги воодушеви сите со нејзиниот изглед кога објави фотографии од свадбата на нејзиниот брат  Дарко Гиговски на која што присувствуваше заедно со сопругот Роберт Спасенцовски.

Во таа прилика младата пејачка се фати за микрофонот и ги отпеја нејзините омилени песни.

Па, откако го фати темпото на мајка, таа веќе не запира со вообичаените Инстаграм активности и редовно се огласува на нејзиниот профил.

Дека следбениците и се најважни, докажа и сега кога најде време за дијалог со нив, кои пак веднаш и поставија многубројни прашања.

– Како е животот на млада мајка, дали е тешко и како си задоволна од болницата?

– Интересен! Тешко е првите две недели додека да се навикнеш и си фатиш темпо…. Болницата не ја менувам за ништо… – одговори таа во нејзин стил.

– Дали мислиш дека ќе биде тешко да ја вратиш претходната килажа после пораѓајот?

– Имам уште пет килограми вишок – задоволно и со насмевка на лицето им одговори.

А дека тоа е очигледно го забележаа и нејзините фанови кои и напишаа кратко и јасно дека веќе е „жешка мамасита“, а таа љубезно им се заблагодари.

– Од каде ти е светкавата маска за телефон?

– Сваровски – се пофали пејачката.

Додека се сѐ вртеше околу мајчинството и изгледот, падна и прашање околу нејзините настапи. Но таа не ја реши дилемата, туку ги остави да чекаат во неизвесност.

– Кога со настапи ?

– Не кажувам! – јасна беше младата жешка мамасита.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Антониа Гиговска

Останати вести од Радио Милева