Во медиумите се појавуваа вести дека Драгана Мирковиќ и Цеца Ражнатовиќ не се поднесуваат.
Меѓутоа, две пејачки по толку години конечно се сретнаа.
Пред два дена на новоодишното снимање на РТС, се појавиле и Драгана и Цеца. Бидејќи организаторите знаеле дека двете пејачки не се во најдобри односи им закажале различен термин на снимање.
Меѓутоа, кога Мирковиќ го завршила својот дел, пристигнала Цеца и двете пејачки се сретнале во гардероба.
Како што пренесува „Ало“ ситуацијата била многу непријатна и напета, но Мирковиќ не дозволила никој да забележи нешто непријатно, па културно и се обратила на колешката.
„Откако пристигна на снимање, Цеца се обидуваше да ја избегне средбата со Драгана, но тоа беше невозможно.Кога ја сретна Гага во гардероба, Цеца се обиде да ја игнорира и да помине покрај неа. Се правеше дека не ја гледа, меѓутоа, Драгана љубезно ја поздрави, а Цеца едвај и одговори и започна со прозивките“ вели извор за „Ало“ и додава.
„На сите ни беше непријатно поради ова ситуација, но Драгана не престана да се смее, туку истакна дека нема никаков проблем, а Цеца се сврте и си замина. Веднаш во зграда тапочнаа да се шират гласини дека Мирковиќ и одржала лекција на Цеца“ вели изворот.
Од друга страна, самата Драгана на својот „Инстаграм“ објави аудио снимка од нивната средба.
Драгана: Добро вечер, дали се познаваме или не се познаваме?
Цеца: Па, не знам. Малку се познаваме, малку не се познаваме. Ти одлучи.
Драгана: Јас одлучив и кажав „добро вечер“,,,а ти како сакаш. Јас немам никаков проблем.
Цеца само се свртела и ја напушила просторијата.
Мирковиќ се огласи и откри што навистина се случило
„Љубезно, според моето воспитување, прва и посакав добро вечер на мојата колешка. Немам проблем да се поздравам и да погледнам некој во очи и така секогаш ќе биде. Другото не сакам да го коментирам“ изјави Мирковиќ за „Ало“.