Радио Милева

По бајковитиот поглед на дворот, сега ѕирнете ја декорацијата и во внатрешноста од домот на Карлеуша (фото)

По бајковитиот поглед на дворот, сега ѕирнете ја декорацијата и во внатрешноста од домот на Карлеуша (фото)

Пејачката Јелена Карлеуша неодамна им откри на своите следбеници на Инстаграм дека го украсила својот нов дом во Дедиње, каде оваа година се пресели со своите ќерки и сопругот.

Сепак, пејачката сега одлучи да дозволи секој што ја следи на социјалните мрежи да ѕирне и во внатрешноста на прекрасната вила, каде е новогодишната елка до таванот, украсена со бројни украси.

Јелена го покажа погледот во кој ужива секој ден со семејството, но откри и зошто се чувствува тажна и истовремено среќна во овој празничен период.

Имено, на познатата пејачка, сето ова и е тешко затоа што ова ќе биде првата Нова Година без нејзината мајка Дивна Карлеуша, која почина во март годинава по долго и тешко боледување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

Затоа Јелена е особено емотивна, откривајќи им на сите што ја инспирираше оваа година кога реши да ја украси својата куќа за празниците:

– Оваа година мојата тема беше ангел… Ова е прва Нова Година што ќе ја поминам без мајка ми. Таа сега е мојот ангел и ова е посветено на неа…За моите, но и за сите наши ангели кои нè гледаат и нè штитат од злото … – напиша Јелена.

To top