Радио Милева Среќен роденден

По 57 години Атиџе за првпат почувствува како е да слави роденден (видео)

По 57 години Атиџе за првпат почувствува како е да слави роденден (видео)

Велат дека кај народот секое чудо три дена трае, а горе-долу така беше и со приказната на хероината од документарецот „Медена земја“ кој стигна до Оскар.

Денес нема толку голема помпа за Атиџе Муратова и нејзиниот живот, но има луѓе чие големо срце, баш како она на Атиџе, не забораваат и се тука да поделат она што го имаат.

Тоа големо срце кое со спои со исто такво, она на Атиџе, е на писателката и музичар Сузана Турунџиева. Сузе несебично и безрезервно ги отвори своето срце и душа за Атиџе, да и помогне од повеќе аспекти, но пред се да и биде искрен и близок пријател.

Деновиве Атиџе за првпат почувствува како е да слави роденден, а се’ тоа благодарение на Сузе. Атиџе и Сузе го прославија 57 роденден на Атиџе и тоа не само еден ден.

-Кога некој за првпат во животот слави роденден и за првпат дува роденденски свеќички заслужува (минимум) тродневно славење. Денеска правевме генерална проба во „Light caffe“, а утре продолжуваме… Ќе видите каде. Среќен 57ми роденден мила Атиџе., напиша Турунџиева во описот на видеото, а како што најави така и направи, па роденденскиот ден на Атиџе имаше продолжение:

-Родена за да не потсети кои се најважните лекции за животот,  Атиџе Муратова ни е пратена како огромен благослов за сите нас… Големо благодарам за целиот тим на Дриада, кои денес на Атиџе и приредија вистинско изненадување, порача Сузе.

Секоја чест за Сузана, која направи медената жена Атиџе Муратова за прв пат во животот и „медено“ да се почувствува за својот роденден!

Бидејќи во денешно време, навистина е за восхит добрината и искреноста на луѓето како Турунџиева. А на Атиџе, најсреќен роденден и уште многу прославени заедно со драги личности!

To top