Радио Милева За неа емоциите живот значат

По 20 години пауза Росана се враќа на сцената, иако многу се двоумела „пеперутките“ пресудиле!

По 20 години пауза Росана се враќа на сцената, иако многу се двоумела „пеперутките“ пресудиле!

На 34. издание на „Макфест“ што ќе се одржи на 10, 11 и 12 октомври 2019 во Штип, меѓу изведувачите на сцената ќе запее и пејачката Росана Сариќ-Тодоровска.

По речсии 20 години пауза од естрадата таа ќе ја отпее песната „Спомени“ која е авторско дело на Александар Митевски. Токму овој шлагер ќе ја издвои од останатите учесници, а делото на Митевски било пресудно таа повторно да и се врати на музиката.

Во интервју за „Фокус“ Росана вели дека се двоумела за камбек, но емоциите односно „пеперутките“ кои ги почувствувала откако ја слушнала песната пресудиле за нејзината одлука.

фото:фејсбук/александар митевски

-После толку години, на мое огромно задоволство со една мала доза на резерва ќе пеам една фантастична балада, со искрен и реален текст, каде покрај младите настапувачи и останатите жанрови ќе се обидеме да го вратиме барем малку времето на шлагерот – вели Тодоровска за „Фокус“ и додава дека фестивалот и буди многу емоции, а за неа емоциите живот значат.

За потсетување, Росана за првпат јавно настапи во дует со својата сестра близначка Марјана на 17-годишна возраст. Кариерата ја започнува со интерпретации на поп мелодии, но нејзиниот интерес се менуваше и кон фолк естрадата. Од 1991 година започна соло кариера, а беше присутна и на фестивалските сцени, но пееше и заедно со „Четирите грации“.

фото:фејсбук/росана сариќ-тодоровска

Моментално Росана работи во една скопска книжарница, а активна е и на социјалните мрежи каде може да се погледнат фотографии од нејзиниот приватен живот.

To top