Радио Милева Штркот доаѓа?

По 17 години голема љубов од домот на Рафаел Надал пристигнуват најубавите вести

По 17 години голема љубов од домот на Рафаел Надал пристигнуват најубавите вести

Го освои Ролан Гарос и докажа дека е неприкосновен,а сега уште една убава, можеби најубава вест доаѓа од тимот на Рафаел Надал. Познатиот шпански тенисер наскоро ќе стане татко.

Иако нема официјална потврда, оваа информација од утрово ја пренесуваат медиумите на Пиринејскиот Полуостров.

Надал и неговата сопруга Марија Франциско Перело, се во брак од октомври 2019 година, иако љубовта трае речиси две децении.

Безброј пати го слушнале прашањето кога семејството ќе расте и дали воопшто имаат намера да го прошират „тимот“, а Рафа дискретно одговори дека за тоа ќе размисли кога ќе се пензионира за да има време да им се посвети на децата.

Дали е ова знак дека 36-годишниот тенисер, кој освои рекордни 22 титули на Грен слем турнирите, ќе ја заврши својата блескава кариера со нова улога,останува да видиме…

фото:Getty Images

To top