Радио Милева

Пластичните операции на Мелани Грифит веќе не се главна тема – сега ја прозваа поради нешто друго кое не и доликувало на возраста (фото)

Пластичните операции на Мелани Грифит веќе не се главна тема – сега ја прозваа поради нешто друго кое не и доликувало на возраста (фото)
фото:„profimedia“

Некогаш беше една од најубавите жени на светот, а сега велат целосно обезличена од пластични операции.

Имено, малкумина ја препознаваат актерката Мелани Грифит(63) „на прва“, бидејќи таа се занесе во бројни процедури со намера да „ја продолжи својата младост“.

Сепак, по најновите фотографии од папараците, во фокусот е нешто друго – нејзиниот стајлинг, кој, како што се наведува во странските медиуми, не одговара на дама на нејзина возраст.

фото:„profimedia“

Мелани е „фатена“ во кратки џинс панталони и лабава кошула, врзана коса и бели патики, за кои многумина проценуваат дека се за далеку помлади девојки и жени отколку што е таа.

Американските медиуми постојано ја критикуваат актерката, како за операциите, така и за стајлингот.

Останати вести од Радио Милева