Живот и Стил

Пластичните хирурзи во Скопје со полни раце работа: Еве што оперираат Македонците!

Пластичните хирурзи во Скопје со полни раце работа: Еве што оперираат Македонците!

Машките сакаат големи гради, но не кај себе туку кај жените. Затоа, додека жените ги зголемуваат градите, ставаат силикони за да бидат поатрактивни, мажите ги намалуваат и со тоа го решаваат проблемот со зголемени гради или гинекомастија.

Намалувањето на машките гради е светски хит, но и Македонија како земја не е исклучок. На Кликата за пластична хирургија во Скопје расте бројот на мажите кои се јавуваат за ваква хируршка интервенција.

Лекарите велат дека оваа појава е позната како висење на градите кај мажите поради зголемен волумен и масното и жлезденото ткиво.

Хируршкиот пристап е со липосукција и комбинација на вадење на жлезденото ткиво со мал рез во долниот дел на ареолата.

Оваа интервенција не е на товар на Фондот за здравствено осигурување и затоа треба да се плати приватно или како што се вели – од свој џеб.

извор:скопјеинфо.мк

To top