Пинк ги изненади своите фанови кога на доделувањето на наградите “Country Music Association” најави дека се повлекува од музичката сцена.
На црвениот килим, пејачката се прошета во друштво на сопругот Кери Харт, синот Џејмсон (3) и ќерката Вилов (1).
„Време е да работам на нешто друго, некое време“ изјави Пинк на црвениот килим.
На последната турнеја која се завршува при крајот на годината, пејачката имала многу проблеми.
„Сакате ли да знаете колку турнејата може да биде гламурозна? Џејмсон доби болест на устата, рацете и стапалата, а Вилов има температура. Двете деца ми се болни и мама Пинк мора да поминува низ тоа и да настапува“ изјави Кери во август претходната година.
Инаку, Пинк и Кери се во брак од 2006 година, а парот се подготвува следната година во јануари да прослави 14 години од брак. Пинк често вели дека нејзиниот сопруг заслужува трофеј за се сите години кои ги поминал со неа.