Промотер

Пинк побединикот и Гранд финалист, Мите Стоилков има нова музичка – „Амајлија“ (ВИДЕО)

Пинк побединикот и Гранд финалист, Мите Стоилков има нова музичка – „Амајлија“ (ВИДЕО)

Победникот во втората сезона на „Пинкови ѕвезди“ и финалист на “Ѕвездите на Гранд“ во 2021 година кога заврши како четвртопласиран, 28 годишниот Мите Стоилков има нова песна.

Момчето кое тогаш  ја фасцинираше Јелена Карлеуша со својата изведба, па праша кој е овој, откако не го препозна, за потоа да му подели комплимент дека „од грдо пајче станал лебед“, сега решило цврсто да ја гради својата кариера со малку поинаква музика од онаа со која во 2о18 или 2019 се преставуваше на македонска забавно-музичка сцена.

Поп песните и баладите како „Јави се“ или „Оди си“,  Мите ги заменил со српскиот турбофолк, кој дури не е ни тоа, зашто се разбира онака модерно спакуван повеќе го допира фолклорот на Ориентот отколку оној на нашиот северен сосед, што на српската естрада е оддамна пракаса.

Како и еден грст српски пејачи и Мите со песна од грчки автор со споменатите „Техеран“ примеси решил сериозно да заплива  во големата „естрадна бара полна крокодили“… Ќе успее ли да исплива рамо до рамо со некои од поголемите, секако не зависи само од песните и неговите вокални можности, но сепак… Храброста да се проба веројатно поттикната од Пинк и Гранд искуството му налага да се обиде да направи успех.

Најновата песна на Мите Стоилков во веќе споменатиот манир носи наслов „Амајлија“ и секако е испеана на српски јазик, а нејзин автор е Гркот, Никос Вертис, додека стиховите се на Душан Бачиќ, а аранжманот го потпишува самиот Стоилков.

Видеото на кое работел и самиот е снимано и режирано од Шумански, а истото соодветно ја следи атмосферата на стиховите и музиката која ја нуди песната.

Дали ваквото стилско свртување ќе му биде вистинска „Амајлија“ за прогрес во кариерата останува допрва да видиме од она што следува.

Во меѓувреме погледнете го видеото и преслушајте ја музичката „Амајлија“ на Мите Стоилков (КЛИКНИ ТУКА):

;

To top