Направете пилешко на италијански начин.
Состојки
- ½ кг. пилешко бело месо
- 3 лажици маслиново масло
- 4 чешни ситнет лук
- 1 главица кромид
- 2 домати
- моцарела, босилек, зачини
Подготовка:
- Се печат филетите месо на маслиново масло, секоја по пет минути од двете страни.
- Се ставаат во истата тава две лажици масло со кромидот и лукот ситно сечени, сечени домати, зачини и босилек и се пржи се 15 минути.
- Се става месото во огноотпорен сад, се става сос, па моцарела горе и се запекува да се стопи сирењето.