Доколку сакате пилешко, ви предлагаме пилешки крилца за ручек
Состојки:
12 парчиња пилешки крилца
главица лук
100 мл маслиново масло
100 мл вода
лимон
малку свеж рузмарин
сол
Подготовка:
Изрендајте ја кората од лимон, исчистете ја главицата лук и изгмечете ја. Измешајте сè со маслиново масло и свеж рузмарин.
Со оваа маринада прелијте ги пилешките крилца кои претходно сте ги наредиле во огноотпорен сад. Додадете 100 мл вода и покријте со алуминиумска фолија.
Ставете го пилешкото во рерна и оставете го да се пече на 250 степени околу 60 минути. Десетина минути пред крајот на печењето тргнете ја фолијата за месото убаво да порумени. Послужете со прилог по ваш избор.
Извор:Курир.мк