Станува збор за пилешка салата која брзо се подготвува, а чиј изглед и вкус ќе ве воодушеват.
– 2 краставици;
– 2 млади кромидчиња;
– 200 гр. сирење;
– 1 кг. пилешко бело месо;
– 4 јајца;
– пакувани крекери;
– 4 лажици мајонез.
Подготовка:
Белото месо исчистете го, исечете го, па сварете го. Покрај месото ставете ги јајцата да се варат.
Додека месото се вари, исечкајте ги краставиците и кромидчињата што е можно поситно.
Кога месото ќе биде готово, исечкајте го и измешајте го со кромидот, краставиците, варените јајца, мајонезот и сирењето.
Сè добро измешајте. Смесата обликувајте ја во шолја, па ставете ја на крекерот. Над смесата посипете сечкан копар и по желба декорирајте со украсни ѕвездички.
На здравје!
Извор: Точка