Некогашната македонска ТВ водителка, денес успешна пилатес инструкторка, Снеже Велков, вежбањето навистина ја прави среќна. Синооката убавивица не би била исполнета до крај, ако почетокот на денот не и е таков.
Затоа уште рано наутро или што би рекла таа: „посабајлечки“ – најдобро се вежба. Ем си свеж, одморен, наспан, полн со енергија… ем нема кој да ди додева, пречи и галами… ем ќе се наполниш со позитивна енергија уште „посабајлечки“, па ако по утрото денот се познава… денот таков и ќе ти биде!
Затоа згодната инструкторка има свој систем на работа, или поточно своја… „пилатес математика“: Еден ден има 24 часа,еден тренинг трае 1час…се е еднакво на: Нема простор за изговори и оправдувања.
И оваа 2018 се гледаме во сала! – така барем вели Снеже.
А што велат нејзините пријатели, пилатес следбеници и ученици? Тие своето мислење најдобро го искажаа во своите коментари под фотографијата со нејзиниот пост.
Едни велат – принцеза, други – царица за мотивирање… трети пак ја нарекуваат пилатес кралица!? Ама како што Снеже Велков има своја логика во нејзината „пилатес математика“, после овој стрип цртеж на убавата и згодна инструкторка, ние имаме своја пилатес говорна „заврзлама“… или поточно недоумица?
Снеже Велков е пилатес принцеза, царица, кралица…? Ама, нели… „Кралицата е кучка“!?
И да е! Важно е да е расна!