Секојдневната употреба на какао ја подобрува меморијата.
Во експериментот учествувале доброволци на различна возраст кои во тек на месец дена требало да пијат какао секојдневно.
Во почетокот и на крајот на експериментот експертите го скенирале мозокот на испитаниците. Тие биле поделени на три групи, во првата се оние што пиеле какао со 500 мг флавоноиди, во втората 250 и во третата група оние што воопшто не консумирале.
На крајот се докажува дека какаото има важна улога во подобрување на меморијата, а тоа се должи токму на флавоноидите кои ги има во какаото и кои го штитат мозокот од замор и ја подобруваат неговата функција.
извор: Курир.мк