Овој пијалак има богат состав на хранливи продукти, витамини, влакна и минерали! Еве како да го направите сами…
Овој сок успешно ги намалува килограмите, го намалува притисокот и го зајакнува имунитетот.
Состојки:
4 средни моркови
2,5 см корен од ѓумбир
2 лимони (излупени)
2 чешниња лук
1 лажица јаболков оцет
Подготовка: Ставете ги состојките во соковник. Сокот кој што ќе го добиете пијте го два дена. Се пие три пати дневно. Остатокот чувајте го во фрижидер. Не смее да стои подолго од 36 дена.
Морковите ги зајакнуваат ѕидовите на крвните садови и срцевиот мускул, го намалуваат нивото на лошиот холестерол и спречуваат мозочен удар, атеросклероза, проширени вени…
Ѓумбирот е најсилен антиинфламатор. Коренот може да ја олесни болката во мускулите и да го подобри варењето. Ѓумбирот го намалува крвниот притисок, го храни мозокот со кислород, богат е со витамини од групата Б, како и аскорбинска киселина. Ја забрзува циркулацијата на крвта, го подобрува метаболизмот.
Лимонот е извор на витамин Ц, го подобрува имунитетот, игра клучна улога во формирањето на колаген.
Лукот е клучна состојка на овој моќен сок. Тој е природен антибиотик и се користи за лекување на инфекции. Го намалува крвниот притисок.
Јаболковиот оцет е магичен еликсир богат со минерали и ензими како и витамини. Помага во подобрување на варењето, го регулира нивото на шеќерот во крвта.
Извор: Курир.мк