Доаѓаат празниците, а по калоричната храна на нашето тело ќе му треба детоксикација
Празничната сезона е пред нас, а за повеќето тоа значи јадење поголеми количини на масна и „тешка“ храна, па можеби ќе треба да размислите како да го исчистите организмот после многу јадење и пиење.
Еден од добрите начини кој благотворно делува на црниот дроб, кој трпи најголемо оптоварување во деновите кога јадеме „јака“ храна, е едноставен пијалак за детоксикација од само три состојки.
Состојки:
½ шолја зален чај
Една банана
½ лимон
Подготовка:
Исцедете го лимонот и измешајте го сокот со една цела, излупена банана, која можете да ја изблендирате или едноставно да ја изгмечите со вилушка. Добиената смеса измешајте ја со зелениот чај кој претходно сте го свариле и изладиле.
Овој напиток за детоксикација испијте го веднаш, додека сите состојки се свежи.