Иако знаеме дека пиењето на црно кафе има одредени бенефиции, постојат и негативни ефекти за нашето здравје. Американски експерти неодамна дознале дека пиењето кафе во големи количини може да го намали ризикот од рак, но утврдиле дека не е сеедно кога и како го пиете кафето.
Повеќето луѓе го започнуваат денот со шолја топло, црно кафе и тоа на празен желудник, со прескокнат појадок. Не нè чуди ни тоа што после кафето повеќето луѓе избегнуваат храна, затоа што овој пијалок сосема доволно ги заситува. Но, оваа навика има последици по здравјето.
Од друга страна, протеините кои остануваат неразградени во телото можат да предизвикаат многу здравствени проблеми, како подуеност, иритација или запаление на цревата, па дури и рак. Многу истражувања покажале дека кафето треба да се пие дури еден час после будење и тоа никако на празен желудник.
Исто така, кафето треба да се избегнува веднаш после будењето затоа што тогаш нивото на кортизол во телото е многу високо, а е одговорно за контрола на биолошкиот часовник. Шолја кафе на празен желудник може да предизвика подуеност, а некогаш дури и повраќање.
Исто така кофеинот го попречува производството на серотонин – невротрансмитерот одговорен за чувството на задоволство и среќа. Недостатокот од серотонин е главна причина за депресија и ментални болести.
Иако по испивањето на кафето на празен желудник првично ќе почувствувате нагло подобрување на расположението, за час-два тоа повторно опаѓа. Ако кафе пиете по неколку пати дневно, лачењето на серотонинот почнува да зависи од надворешни фактори, а не од самата работа на организмот, како што би требало.
Обидете се да се навикнете наутро да изедете барем едно парче леб пред да испиете кафе, а ако не можете ниту тоа, барем разредете го кафето со млеко и немојте да го правите многу силно.
извор:скопје24.мк