Можеби имате слушнато многу страшни приказни за откажувањето од овие апчиња. Но периодот на транзиција во кој вашето тело се навикнува да работи без нив и не е толку „страшен“. Симптомите се различни кај секоја девојка, но има некои сличности.
Иако секогаш е најдобро да се консултирате со вашиот гинеколог пред да се одлучите за промена, еве кои работи можете да ги очекувате ако решите да се откажете од апчињата за контрацепција по нивно долго консумирање.
1. Може да ви се влоши состојбата на кожата
Акните се нешто со кое се запознаени речиси сите. Многу често тие се и еден од симптомите на ПМС. Сепак, апчињата за контрацепција може да го исчистат вашето лице. Токму поради тоа кога ќе престанете да ги земате постои голема можност да се влоши состојбата на вашето лице. Оралната контрацепција е комбинација од многу естроген и прогестин, хормони кои го намалуваат лачењето на маснотии, па вашата кожа се чисти. Се разбира, со правилна нега на вашето лице, овој проблем може повторно да исчезне.
2. Вашите гради може да бидат поцврсти пред менструација
Целта на апчињата е да ги регулираат хормоните кај жената. Ова значи намалување на неудобноста за време на ПМС. Штом ќе престанете со нивно пиење, прогестеронот во вашето тело се зголемува со цел да ви ги активира млечните жлезди. Без разлика дали ќе забремените или не, вашите брадавици се подготвуваат за доење.
3. Може да се зголеми желбата за секс
Некои жени чувствуваат намалена желба за секс додека ги примаат апчињата за контрацепција. Синтетичките хормони во оралната контрацепција го зголемуваат тестостеронот во телото. На ова додајте го и фактот дека овие апчиња ја спречуваат и овулацијата и можете да очекувате драстични промени во вашиот сексуален живот. Некои жени губат секаков интерес за секс или пак искусуваат вагинална сувост која ги спречува да имаат секс. Ако имате кој било од овие симптоми, прекинувањето на апчињата ќе го зголеми вашето либидо.
4. Може да се подобри променливото расположение
Променливото расположение најмногу зависи од тоа како реагираат вашите хормони на апчињата за контрацепција. Па, ако сте биле многу темпераменти пред да почнете со земање на апчињата, голема е веројатноста да се чувствувате исто откако ќе престанете со нивна употреба.
5. Промени во менструалниот циклус
Немојте да се изненадите ако вашиот менструален циклус стане нередовен или поинтензивен. Ако сте имале болни и обилни менструации пред да почнете да ги користите апчињата, голема е веројатноста да се вратат симптомите откако ќе престанете со нивна употреба. Апчињата за контрацепција ги потиснуваат ПМС симптомите. Но кога ќе овулирате, симптомите си се враќаат и тоа е сосема нормално.
6. Може да биде потребно време за да ви се врати менструацијата
Кога престануваат со употреба на орална контрацепција, некои жени може да имаат нередовни менструации, додека кај другите нема да има промена. Третата можност е воопшто да немате менструација некој период. Ова понекогаш е проблем, но обично не е ништо сериозно. Бидејќи телото се обидува да си го воспостави нормалниот циклус и се обидува само да си произведува хормони, на вашата менструација може да ѝ биде потребно време за повторно да се појави. Но ако вашата менструација не се појави и после 6 месеци од прекинот на апчињата, консултирајте се со вашиот лекар.
7. Може да ви се појават фиброиди
За оние кои не знаат, фиброидите се бенигни тумори кои може да се развијат во и околу ѕидовите на матката. Многу често жените кои пијат апчиња за контрацепција со ова ја спречуваат нивната појава. Па, нормално е кога ќе престанете со апчињата да ја зголемите можноста за појава на фиброидите.
8. Голема е веројатноста да ја чувствувате овулацијата
За некои жени знаците на овулација се премногу суптилни. За други тие се навистина изразени и вклучуваат симптоми како вагинален исцедок и зголемена желба за секс.
извор:кафепауза.мк