Живот и Стил

Пиењето чај е сепак корисно

Пиењето чај е сепак корисно

Конзумирањето на чај е убава навика која ни овозможува да се релаксираме, но и која носи многу бенефити за нашето здравје и убавина.

Зелен чај – овој чај е еден од најмалку преработуваните чаеви, кој содржи големо количество антиоксиданти, кои ја штитат нашата кожа, имунитет и делуваат позитивно на поттикнување на метаболизмот, намалување на холестеролот и намалување на килограмите.

Црн чај – црниот чај потекнува од истото растение како и зелениот чај, само е различен по начинот на обработка. Тој содржи високо количество кофеин и антиоксиданти кои придонесуваат за намалување на ризикот од дијабетес и срцеви заболувања, јакнење на имунолошкиот систем и регулирање на нивоата на шеќер. Во мали дози, тој е и одличен за спречување на воспаленијата.

Бел чај – белиот чај е исто така малку преработен чај како и зелениот и содржи највеќе антиоксиданти од претходно наведените чаеви. Добар е за намалување на холестеролот, намалување на крвниот притисок и има антибактериски својства.

To top