Кога сакате од вашето мени да го отстраните лебот, тоа никако не е лесна и едноставна задача. Ова се намирници, поточно продукти од овошјето и зеленчукот, кои можете да ги искористите како адекватна замена.
Со нив можете да направите добар сендвич, а подлогата за тоа да не биде полна со калории и јаглехидрати.
Компир
Иако нивото на јаглехидрати во компирот е високо, кога го користите овој зеленчук наместо леб, тоа е добра замена, посебно ако вклучите и кардио тренинг во вашата рутина. После вежбање, оваа хранлива материја му е потребна на организмот, а лебот секако не е добар избор.
Пиперка
Исечете ја пиперката, во внатрешноста додадете сирење и парче шунка, потоа зачинете и ќе добиете интересен и вкусен сендвич.
Домат
Обично доматот го користиме како дел од сендвичот, но ако сакате да ослабите, променете ја тактиката. Само исфрлете го лебот, состојките распоредете ги помеѓу вкусните делови од зеленчукот и ќе добиете одлична замена.
Краставица
Краставици, маслинки и домати се идеален спој. Можете да ги издлабите и да ги наполните со сирење и лук, идеите се неограничени, додека за тоа што ќе заштедите калории, нема потреба ниту да зборуваме.