Живот и Стил

Пет работи кои се штетни колку и пушењето, а ги правиме секојдневно

Пет работи кои се штетни колку и пушењето, а ги правиме секојдневно

Свеста околу штетноста на пушењето е глобално проширена, но модерното време го карактеризираат и низа на фактори кои пушењето полека но сигурно го поместуваат од врвот на листата на смртоносни навики, предупердуваат американски научниуци.

 

Еве неколку работи кои се наоѓаат на таа листа:

Осаменоста

Новите истражувања покажуваат дека социјалната изолација е еднакво штетна по вашето здравје како и останатите работи на врвот на „смртоносниот попис“, пренесува Independent.

Социјалните мрежи и се пореткото дружење во реалноста со пријателите и колегите довеле до тоа осаменоста да забележи пропорции на епидемија.

Научниците велат дека учинокот на осаменоста врз намалувањето на животниот век е исто како да пушите по 15 цигари дневно.

Седечкиот начин на живот

Седечкиот начин на живот во текот на целиот ден го зголемува ризикот од заболувања од повеќе врсти на рак.

Секои дополнителни два часа седење го зголемуваат ризикот од добивање на рак на дебелото црево и на белите дробови, без разлика на тоа дали поединецот вежба во текот на денот.

Дури и со редовно вежбање, седењето подолго од осум часа на ден го зголемува ризикот од различни здравствени проблеми.

Недостаток на сон

Американските научници забележале дека 50 до 70 милиони жители на САД страдаат од пореметување во спиењето.

Недоволната количина на сон го зголемува ризикот од мозочен и срцев удар во еднаква мерка како и секојдневното пушење.

Солариум

Иако користењето на солариум ви се чини како варијанта за сончење над која имаме контрола, тоа може да биде опасно по здравјето исто како и пушењето.

Дерматолозите уште до 2014 година докажале дека претераното користење на солариум предизвикува повеќе случаи на рак на кожата отколку што пушењето предизвикува рак на белите дробови.

Нездрава исхрана

Слатката и преработената храна богата со масни киселини влијае на развојот на потенцијално смртоносните болести како и пушењето.

Во 2016 година, научници кои се занимаваат со смртни случаи како последица од лоша исхрана, заклучиле дека стапката на смртност ги надминала оние што умираат од алкохол, цигари и дрога.

извор:кајгана.мк

To top