Не постои трик со кој сигурно ќе знаете дали некој изневерува или не, но експертите истакнуваат дека прељубниците имаат неколку заеднички карактеристики.
1. Внимаваат на приватноста
Тајните не се тајни ако не се споделат со сите. Личностите кои изневеруваат држат до нивната приватност – телефонот секогаш им е заклучен со лозинка, имаат одвоен фолдер со пораки, мејлови и слично.
Не ги споделуваат деталите за семејството и за себе, а неретко ги кријат и нивните пријатели.
„Што всушност знаете за минатото на вашиот партнер, неговто детство, семејство, личен живот?“, прашува експертот за врски Сузан Винтер.
2. Ретко ви се обраќаат по име
Прељубниците со причина им се обраќаат на партнерките со „душо“, „срце“ а не по име, бидеќи така ги намалуваат шансите да ги наречат со погрешно име.
3. Умеат добро да лажат
Не се обвинувајте себеси ако сте имале работа со прељубник, многу добро умеат да лажат. Психотерапевтот Лесли Бет Виш вели дека овие искусни лажговци и манипулатори понекогаш однапред поставауваат основа за лага која подоцна ќе биде изречена во врската.
4. Ја менуваат темата кога ќе се почувствуаат во „опасност“
Измамниците имаат добар инстинкт , па ако се случи да го прашате партнерот за некоја личност со која минува доста време, а која ви е сомнителна, обрнете внимание дали ја менува темата. Ако ја менува би требало да го вклучите алармот дека нешто ви прави зад грб.
„Измамниците ги кријат трагите така што ја менуваат темата или однесувањето“, истакнува терапевтот Шенон Томас.
5. Импулсивни се
Прељубниците се импулсивни и едноставно не можат да му одолеат на ризикот, без разлика колку ќе ги чини. Ги привлекува, а тоа е одраз на нивната внатрешна сосстојба.
„Длабоко во себе се несигурни луѓе кои се чувствуваат несакано, луто и на кои им недостигало нешто во емоционалниот живот додека биле деца“, смета докторката Виш.
извор: кајгана