Лошата исхрана и премногу време поминато во лежење и гледање во телевизиските екрани, со пиво или сок и нешто за грицкање, претставува сигурен начин за пораст на ризикот од срцев удар.
Тука, меѓутоа, постојат и некои, не баш така очигледни фактори, кои, на годишно ниво, доведуваат до 1,5 милиони срцеви удари и 500.000 смртни случаи, како последица на тоа.
Овие пет причини, најверојатно, не се познати како потенцијална опасност од срцев удар.
1. Кожа
Ефектите на псоријаза можат да бидат многу поголеми од она што може да се забележи на кожата.
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат вакви или слични проблеми со кожата, имаат три пати поголеми шанси да доживеат инфаркт, вели професорката по дерматологија Мона Гохара од медицинското училиште во Универзитетот Јејл.
2. Загаден воздух
Смогот е поврзан со развој на голем број на болести, вклучувајќи ги и срцевите заболувања.
Едно истражување стигнало до заклучок дека кумулативната изложеност на смог може да го влоши нивото на шеќер во крвта, нивото на холестерол, како и други ризични параметри кои доведуваат до ризик од срцеви болести.
Друго истражување открило дека загадувањето може да влијае на намалување на „добриот“ холестерол во организмот.
3. Лекови против болки
Кога долго време имате грозница, нормална реакција е да побарате лекови против воспаление, како ибупрофен.
Меѓутоа, едно истражување открило дека луѓето кои ги земаат тие лекови, при боледување од респираторни реакции, имаат 3 до 4 пати поголем ризик од срцев удар.
4. Болки во рамото
Иако веројатно мислите дека не постои директна поврзаност со срцев удар, сепак постои врска меѓу овие здравствени проблеми.
Луѓето со зголемен ризик од срцеви заболвања имаат поголеми шанси да чувствуваат болки во рамото, се тврди во истражување објавено во магазинот „Journal of Occupational and Environmental Medicine“.
5. Бучава
Секојдневните гласни звуци (сирени од возила, бучава од вршење на градежни работи и слично), не се штетни само за вашиот слух, туку и за срцето.
После темелна анализа на претходни истражувања, научници дошле до заклучок дека луѓето кои често се подложни на бучава имаат поголем степен на здравствени проблеми со срцето, како неправилен ритам на отчукување на срцето, висок крвен притисок, висок холестерол, како и високо ниво на шеќери.
извор:кајгана.ком