Живот и Стил

Пет начини за што може да користите сода бикарбона

Пет начини за што може да користите сода бикарбона

Сода бикарбоната е ефикасна за многу работи, но често може да помогне и здравствено.

За заштита на кожата

Ефикасна е при лекување на осипи бидејќи има изразени антибактериски својства. Алкалните особини влијаат поволно на отоците и чешањето. Додадете кокосово масло и направете смеса. Намачкајте на местот, држете пет минути и че почувствувате исклучително смирувачки ефект.

Помага при намалување на лузни од акни

Истражувања покажале дека оваа е многу ефикасно. Мрсната кожа е склона на акни особено во летниот период кога поради високите температури има зголемено потење. Густа паста од сода бикарбона и вода нанесете на кожата. Пастата може да ја користите два пати дневно.

Изгореници од сонце

За оваа намена содата има ефект на ладење. Измешајте сода бикарбона со вода за да добиете густа паста и нанесете на кожата. Ќе ја смири иритацијата, а кожата полесно ќе се обнови.

Стомачни проблеми

Проблемите кои се јавуваат со варење на храната, киселини во желудникот, гасови не се последица од зголемена количина на желудочна киселина, туку од намалена. Растворете малку вода во вода и испијте за да ви олесни.

Направете природен дезодоранс

Потта на човекот нема мирис, а тој се формира по разградувањето на бактериите под пазувите, па оттука се создава и непријатен мирис. Сода бикарбоната тоа го намалува. Натапкајте под пазувите сода разблажена со малку топла вода и ќе имате ефикасен, природен дезодоранс.

To top