Живот и Стил

Пет летни трендови за топлите денови што следат

Пет летни трендови за топлите денови што следат

Топлите денови се пред нас, а со тоа и доброто расположение. Сонцето ни измамува насмевки, а убавите парчиња се тука за да оставиме моден впечаток.

Кога сме облечени во тоа што го сакаме и истото совршено ни прилега, самодовербата расте и подготвени сме за обврските што следат.

Затоа во продолжение ќе ве запознаеме со петте трендови што ќе бидат актуелни ова лето.

Она што треба е само малку да го збогатите својот личен стил.

Розово во сите нијанси
Розовата “барби” боја повеќе не е резервирана само за девојчињата. Многи нијанси на розовата одлично прилегаат на жените во секоја доба. Модните инфлуенсерки докажуваат дека токму оваа боја, може да биде истовремено елегантна, софистицирана и впечатлива, а вие ќе одберете на што и како ќе ја носите.

Ленени парчиња
Ленот е природен материјал, којшто е препознатлив по својот квалитет и префинетиот изглед. Неговата леснотија го прави идеален за вискоите температури. Можете да одберете панталони од лен, блејзер, ленена кошула… секој од нив е на списокот на безвременски модни класици.

Тивок луксуз
Овој тренд подразбира ненаметливи и класични парчиња облека, коишто сепак изгледаат луксузно.

Тивкиот луксуз се спротивставува на логоманијата и минливите трендови, потенцирајќи ја долговечноста на суптилната елеганција. Неутралната ахроматска палета на бои како и ленот, свилата се она што го карактеризира овој тренд.

Шарен дезен
Преку принтовите можеме да го прикажеме и нашето расположение и креативност. Од точки и цветови до геометриски фигури и разни апстрактни дезени, можности има многу, важна е само желбата.

Лесни плетенини
Фините, ребрасти плетенини, кои што се истовремено лесни и растегливи се исто така летен тренд. Особено се истакнуваат фустаните и маичките кои што ја истакнуваат силуетата на телото. Овие парчиња изгледаат отмено и женствено, а истовремено ги прикриваат малите недостатоци на телото. Одлични се и за дневни и за вечерни прилики.

извор:точка.ком.мк

To top