Иако се трудите редовно да вежбате и да се храните поздраво, понекогаш едноставно не можете да ги изгубите килограмите. Сепак, тоа не треба да ве загрижува бидејќи има и други фактори кои го отежнуваат слабеењето.
Иако се трудите редовно да вежбате и да се храните поздраво, понекогаш едноставно не можете да ги изгубите килограмите. Сепак, тоа не треба да ве загрижува бидејќи има и други фактори кои го отежнуваат слабеењето.
Причините за кои не сте ни размислувале може да го забават вашиот напредок, па затоа е важно да ги решите за да можете полесно да продолжите кон вашата цел.
Под хроничен стрес сте
Кога сте под стрес, надбубрежните жлезди лачат хормон кортизол. Иако кортизолот е важен за одржување на крвниот притисок и обезбедување енергија, тој исто така го зголемува апетитот и желбата за храна.
Овој хормонален дисбаланс може да го саботира слабеењето. Вишокот кортизол што се лачи за време на периоди на стрес го поттикнува телото да складира висцерални масти, тип на маснотии што ги опкружува виталните органи и го зголемува нивото на холестерол и инсулин.
Имате нетолеранција на одредена храна
Чувствителноста или нетолеранцијата на глутен може да биде фактор кој придонесува за вашите тешкотии да изгубите тежина. Оние кои се чувствителни на глутен имаат послаби спојки во цревната обвивка, што предизвикува токсините и несварените честички од храната да патуваат низ крвотокот.
Имунолошкиот систем ги напаѓа овие честички и на тој начин промовира хронични здравствени проблеми. Ако мислите дека можеби сте чувствителни на глутен или друга храна, како млечни производи, обидете се со тотална елиминациска диета и гледајте како вашето тело реагира.
Не спиете доволно
Недостатокот на сон може да го запре процесот на губење на тежината. Возрасен човек треба да спие помеѓу 7 и 8 часа секоја вечер, бидејќи сонот ги балансира нашите хормони, кои ги регулираат мастите и ја намалуваат дневната желба за храна.
Не внимавате на ужинките
Кога сакате да изгубите тежина, не е доволно само да ги промените главните оброци. Многу е важно да внимавате и на ужинките. Ако ужината не е соодветна, може да го зголеми инсулинот, кој е одговорен за складирање на вишокот јаглехидрати, кои вклучуваат шеќер и масти.
Сте претерале со физичката активност
Ако потрошите повеќе од еден час вежбајќи, тоа може да го подигне нивото на кортизол и да биде контрапродуктивно за вашите цели. 20 до 30 минути интервален тренинг е доволен за согорување на маснотиите. Исто така, наместо трчање и други кардио вежби, би било добро да се посветите на тренинзите за сила.
извор:курир.мк
фото:freepik