Живот и Стил

Пет хороскопски знаци кои засекогаш ќе останат “сингл“

Пет хороскопски знаци кои засекогаш ќе останат “сингл“

Секој од хороскопските знаци има секои свои преференции и желби кога се во прашање љубовта и љубовниот живот.

Додека постојат оние кои не можат да го замислат својот живот како осамени љубовници, исто така постојат и такви на кои нивната слобода им е на првото место.

Овие хороскопски знаци имаат голема шанса да останат засекогаш сами.

Овен

Внимателно размислуваат и се многу тврдоглави. Импулсивни се и додека овие се одлични особини за работа, имаат голема потешкотија да најдат личност која ќе ги разбере. Со Овенот како партнер животот може да биде многу непредвидлив.

Бик

Овој знак има натпреварувачки дух и не ужива во долги дискусии. Тие сакаат да се расправаат и да победат во таа караница. Со таквата енергија го изнемоштуваат партнерот, а бараат и многу внимание. Интензивни се, сакаат да заповедуваат и често поради тоа партнерите ги напуштаат.

Девица

За разлика од Овенот и Бикот, Девицата знае да дава. Толку многу се грижи за партнерот, што понекогаш тој може да се почувствува како нешто да го гуши. Во комбинација со тоа, нивниот перфекционизам може да биде сфатен и како критика. Партнерите ќе почувствуваат дека им е забрането да работат било што, што Девицата не го „аминувала“.

Јарец

Ја сакаат својата слобода и имаат проблем да го прифатат туѓото мислење. По природа се перфекционисти, но тоа ги води до постојано критикување на партнерот. Може да бидат „снобови“, што претставува, пак, коктел кој не можат да го поднесат. Често се оставани поради полесни карактери кај луѓето.

Водолија

Водолијата има голем проблем да се посвети и да се обврзе кон некого на подолго време. Тие не сакаат да бидат ранлици во врската. Ова често го збунува партнерот кој се прашува колку Водолијата е всушност посветена на врската. Вистина е дека тие воопшто не се посветени. Сакаат да си играат и нивните емоции најчесто се плитки. Треба многу работи да се случат за да можете да ги импресионирате и да ја придобиете нивната лојалност.

To top