Без разлика дали ќе го послужите со интегрални тестенини или како сос за свеж зеленчук, ова песто од тиквички сигурно ќе ви се допадне!
Лесните летни оброци кои не бараат многу подготовка се се што посакуваме овие денови, а ова песто од тиквички е токму тоа. Лесно се подготвува, не бара уклучување на шпоретот или рерната и најдобро од сè – можете да го подготвите во поголеми количини и ќе биде готов за јадење директно од фрижидер. Можете исто така да го замрзнете и да уживате во свежо песто во текот на целата година.
Состојки:
200 гр тиквички
1/2 лажичка сол
30 гр рендан пармезан
30 гр пекорино сирење
125 гр маслиново масло
30 гр ореви
1 китка свеж босилек
Подготовка:
Изрендајте ги тиквичките и посолете ги, па оставете ги 30 минути да се ослободи вишокот вода.
Тиквичките исцедете ги и ставете ги во блендер, па додајте ги останатите состојки и половина од количината масло.
Измешајте ги состојките додека не се соединат, а потоа додадете го остатокот од маслото и блендирајте додека не добиете хомогена смеса.
Послужете со интегрални тестенини или со здрави грицки и зеленчук.
Добар апетит!
извор:попара.мк