Промотер

Перо Пандиловски се најде во љубовна – „Драма“ (ВИДЕО)

Перо Пандиловски се најде во љубовна – „Драма“ (ВИДЕО)

Перо Пандилоски објави нешто поинакво од тоа што досега го работел. Талентираниот гостиварец, овој пат можеме да го слушнеме во малку поинакво издание, кое веќе доби позитивни критики од публиката.

Ова е неговата 12-та песна и тој полека го комплетира материјалот за својот албум првенец.

„Ти сакаш сама да бидеш сама, а ноќта пак те убива, сега си сама во нова драма, за мене ноќва во солзи заспиваш“ – се дел од стиховите за „Драма“  кои ги напиша Магдалена Цветкоска – Ена, а музиката и аранжманот се авторско дело на Адис Исмаили, кој важи за долгогодишен пријател не Перо.

„Бидејќи двајцата сме од Гостивар, доволно се знаеме. Му оставив одврзани раце на Адис да направи нешто за мене. Мислам дека ме погоди во целост “ – изјави Перо.

За „Драма“ беше снимено и видео за чија екранизација се погрижила видеопродукцијата „Прокам“.

Како звучи и изгледа неговата нова „Драма“ дознајте во продолжение.

To top