Периодот по бременоста и породувањето е вистински предизвик за секоја жена да го врати своето тело како претходно или можеби во уште подобра форма.
Пејачката Аделина Тахири Марков се породи пред речиси две години ама таа е од оние среќнички што и по породувањето изгледаше како да не родила.
Сега за старт на летото, атрактивната мама Аделина се соблече во тигрест костим за капење чиј модел совршено ја нагласи нејзината како што вели таа „перфектна силм“ форма.
А кога си задоволен од себе, тогаш самодовербата е на завидно ниво.
Кај Аделина тоа е евидентно! Навистина ултра секси, нема што!