Фронтменот на популарните „Нокаут“, Никола Перевски Пере пред само неколку дека стана татко по четврти пат. По три женски, Пере повторно доби женско, а со тоа стана посилен од кога било.
Неговото женско царство стана уште помоќно со тоа што доби уште едно засилување кое го носи името Ирис.
Мама и најубавото цвеќенце по неколку дена протоколарно поминати во породулиште си дојдоа дома, а гордиот татко отиде да ги земе и да ги однесе онаму каде припаѓаат – дома, сите заедно, обединети, од љубов стопени.
Пере отсекогаш бил отворен за откривање јавно на моментите од приватноста, па така и овој пат го покажа најинтимниот момент од заедничката фотка на првата средба на неговите девојки, Миа, Каја, Софиа, а сега и Ирис.
Магија, женска магија!
Богатството на Пере стана уште поголемо, па така сега има пет жени до себе, да го чуваат, пазат, мазат, или можеби обратно – си знае самиот.
Инаку, Пере има три ќерки, две од првиот брак со новинаркатра Александра Спировска, Мхаела и помалата Каја, а со втората партнерка Јована пред две ипол години ја доби малата Софиа, а сега и Инес.
Втората бременост на Јована не беше познато за пошироката јавност, така што за многумина приновата овој пат беше изненадување. Но затоа, сега за најубавите моменти знаат сите.
фото:Инстаграм принтскрин/Никола Перевски