Светски познатиот моден креатор Карл Лагерфелд ја избра шпанската актерка Пенелопе Круз за новата муза на „Шанел“.
– „Шанел“ е легендарен, а Карл е вистински гениј. Се восхитувам на сето она што го правеше уште откако бев мало девојче. Големо задоволство е да работам со него – рече Круз.
Таа се појави на ревијата за висока мода за сезоната есен-зима 2018/19 во Гран Пале, во Париз.