Радио Милева симпатично дете...

Пејачката која денес мами воздишки вака изгледала како дете: Елена Китиќ уште како тинејџерка била „опасна фраерка“ (ФОТО)

Пејачката која денес мами воздишки вака изгледала како дете: Елена Китиќ  уште како тинејџерка била „опасна фраерка“ (ФОТО)

Елена Китиќ денес важи за една од најатрактивните пејачки од помладата генерација. Наголемо се зборува за естетските корекции кои ги направила, а нејзините природни изданија без шминка ѝ се недостапни на јавноста.

Како што е познато Елена е дете на познати родители,  популарната естрадна двојка Марта Савиќ и Миле Китиќ. Токму затоа уште од малечка е навикната на јавната сцена, а естрадата не и е непозната зашто од дете и е дома.

На социјалните мрежи сега осамна една интересна фотографија на која Елена Китиќ е на рана тинејџерска возраст, а друштво ѝ прави токму мајка ѝ Марта.

Тогаш денес расната убавица имала само 12 години, а мајката и ќерката се фотографирале на првиот солистички концерт на Јелена Карлеуша во белградска „Арена“ во 2010 година.

Логично, Елена имала потполно поинаков стил во тинејџерските години, па ова е можност да видите колку оттогаш се променила.

Фото: Инстаграм принтскрин/elenakitic/podvarak26

 

To top