Фолк пејачот Аца Лукас го ожени синот Лазар и направи голема свадбена прослава во еден белградски ресторан.
„Една женска личност ќе дојде подоцна, таа е од „Ѕвездите на Гранд“, а Ацо Пејовиќ е отсутен од оправдани причини. За останатите ме боли к**от, изјави Аца.
На свадбената веселба бил и пејачот Саша Матиќ кој запеа во дует со Аца Лукас.
-Долго да трае, бидете среќни и задоволни како во секој брак, колку повеќе се сакате и почитувате, подолго ќе трае. Важно да е од чисто срце, изјавил Саша Матиќ.
Аца им запеал на Лазар и Ана, а младенците биле видно расположени. Лукас од паричникот извадил пари и му ги дал на синот за да тој ја чести музиката.
Првиот танц, младенците го одиграле со песната „Има ли наде за нас“ која ја отпејал Лукас.
Аца Лукас прв им честиташе на двојката, а потоа Ана и Лазар се бакнале.
Лазар и Ана склопиле и граѓански брак. Младата го пуштила презимето Вуксановиќ.
Парот се заколна на вечна љубов пред Бога во црква на Карабурма. Тие расположени пристигнале во црквата и позираше пред фоторепортерите.
Младата блескала во бела раскошна венчаница.
Наводно на списокот на поканати биле Драгана Мирковиќ,, Цеца Ражнатовиќ, Саша Матиќ, Ацо Пејовиќ и многу други.
Инаку, тие на гостите им праќале покани на Вибер, а на кои пишува дека венчавката е закажана за 5ти март. Меѓутоа, подоцна ги известиле гостите дека се поместува на 6-ти март, бидејќи Аца Лукас на 5-ти март учествуваше на изборот за песна на Евровизија.
фото: Ненад Костиќ/принтскрин