Радио Милева се шушка

Пејачката воодушевена од зетот: Ќерката на Елма Синановиќ се мажи за богат шеик (фото)

Пејачката воодушевена од зетот: Ќерката на Елма Синановиќ се мажи за богат шеик (фото)

Последниве денови на српската естрада  се погласни се шпекулациите дека Хулија Синановиќ, ќерката на пејачката Елма Синановиќ се мажи и тоа за богат шеик во Катар.

Според приказните на една од колешките на Елма која побарала анонимност, пејачката е воодушевена од својот иден зет, но засега е мистериозна и не сака јавно да зборува за деталите од свадбата на нејзината ќерка за да не им растури.

-Елма е воодушевена од нејзиниот иден зет, шеикот од Катар. Сите таму се маѓепсани од убавината на Хулија. Ја третираат како принцеза. Тие се во врска веќе некое време и сите веднаш знаеја дека овие двајца се создадени еден за друг. Хулија сега е на релација Катар-Србија, но во одреден момент целосно ќе се пресели таму. Елма и Хулија се многу блиски. Нејзината среќа и е најважна на Елма и таа секогаш го поддржуваше нејзиниот избор, вклучувајќи го и овој, кој изненади многумина. Таа наскоро и самата ќе го посети  Катар. Миличката на Елма не е премногу заинтересирана за јавниот живот, иако е многу талентирана за музика. Таа пред неколку години сними и дует со нејзината мајка кој беше одлично прифатен во јавноста, но таа реши да тргне по друг пат. Таа обожава да го менува имиџот, а физички многу личи на Цеца Ражнатовиќ, па и самата Елма често се шегува со пријателите дека ја има Цеца во куќата – заклучува изворот.

И Самата пејачка пред неколку дена пред медиумите призна дека наскоро заминува во Катар и дека веќе е на страната на нејзиниот иден зет.

–  Хулија ќе се мажи, претпоставувам. Само знам дека ќе бидам на страната на мојот иден зет. Го поддржувам и однапред жалам. Таа е посебна. Опасница една, сосема спротивна од мене. Нема ништо на мене, таа е сосема поинаква. Јас сум добра девојка, а таа само гази. Радикална е – само црно-бело, нема ништо сиво. Сега оди во Катар, ќе има таму секакви работи – низ насмевка изјави Елма пред камерите на емисијата „Ексклузив“.

To top