„Торнадо“ е вториот сингл на Тамара Тодевска годинава, во кој има уште повеќе боја, побрз ритам и многу позитивна енергија, параметри соодветни за топлите летни денови. Песната само што се појави, а пејачката беше опсипана со коментари, лајкови и пофалби… Како за музичкиот дел, така и за визуелниот, во кој Тамара со розовата перика изгледа како некоја сосема друга жена.
„Торнадо“ е нашата нова музичка приказна, а јас сум пресреќна што создадовме песна и спот, кои се исполнети со брз ритам и убава енергија. Тоа најмногу ни треба во периодов во кој живееме! Задоволна сум од целосниот производ, од песната и од спотот и искрено верувам дека истата ќе и се допадне на мојата публика, како во Македонија, така и низ земјите во регионот“ – вели Тамара.
Таа додаде дека песната е испеана на српски јазик затоа што нејзината претходна песна „Нијагара“ поминала одлично. Затоа и „Торнадо“ ја снимила на српски, но најави дека ќе има нови песни и на македонски јазик. Инаку видеоспотот се снимал еден ден во месец јуни, на три локации во Скопје 20-на часа, а истиот го изработила продукцијата „Division“.
Музиката и аранжманот се автопрско дело на самата Тамара и нејзиниот долгогодишен соработник и пријател, познатиот композитор и хитмејкер Лазар Цветкоски. Текстот пак го напишала српската пејачка и кантавторка Ана Радоњиќ / Зое Кида.
Интересно е тоа што во една од бројните разновидни кореографии во неколку кадри од видеото се појавува и ќеркичката на пејачката – Хана, со свој танцувачки перформанс.
„Таа е мамина поддршка и љубов најголема. Многу и се допадна ‘Торнадо’ и инсистираше да се појави во спотот ( секско, со сопствена кореографија)“ – напиша Тамара во одговорот на едно од бројните прашања на нејзините следбеници.
View this post on Instagram
Задоволна од првичниот прием на песната, пејачката „окезена од 6-ка до 6-ка“, со освежително мохито во раката на терасата на еден од познатите охридски хотели каде во моментов престојува, јавно го искажа своето задоволство:
View this post on Instagram
„Мојот mood после сите ваши коментари и убави зборови за Торнадо. Фала Ви најмногу“ – сподели Тамара повикувајќи ги сите да ја слушаат нејзината нова песна.