Познатата пејачка Тамара Милутиновиќ на свет го донесе своето прво бебе.
Поранешната учесничка на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, Тамара Милутиновиќ се породи, јавуваат тамошните медиуми.
Тамара е во брак со швајцарскиот фудбалер со српско потекло Дарко Јевтиќ и роди девојче. Новопечената мајка и новороденчето се чувствуваат добро по породувањето, пренесува Блиц.рс
Убавата пејачка пред неколку дена на својот Инстаграм профил ја сподели веста дека наскоро ќе се породи.
View this post on Instagram
Воедно, Тамара откри какво име би и дале таа и нејзиниот сопруг Дарко на својата наследничка. Тоа е многу убаво име со латинско потекло.
– И само така, дојдовме до крајот… Крајот, но и најубавиот почеток… Можеби нема повеќе да ги чувствувам најубавите „пеперутки“ во стомакот, но јас и тато ќе ги донесеме до тебе на дланка до крајот на нашиот живот. Емили, наше чудо – напишала убавата пејачка.
Емили на латински значи „таа што се натпреварува“.
View this post on Instagram
Интересно е тоа што токму на денот кога пејачката се омажи за Дарко, Тамара откри дека е трудна.
Фото: Принтскрин/Инстаграм